Американски „Black Rock“ поседува српски обврзници во вредност од 0,4% од вкупниот јавен долг на земјата

од Vladimir Zorba
356 прегледи

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ вчера во Собранието изјави дека фондот „Black Rock“ не го презел надворешниот долг на Србија, бидејќи обврзниците што ги поседуваат претставуваат 0,4 отсто од вкупниот јавен долг на Република Србија.

Одговарајќи на пратенички прашања, Брнабиќ рече дека BlackRock е еден од фондовите што инвестираат во домашни хартии од вредност.

„Покрај нив, на аукцијата учествуваа повеќе од 500 заинтересирани инвеститори. Вкупната побарувачка за нашите хартии од вредност надмина 11 милијарди долари. „Black Rock на последната аукција инвестираше околу 80 милиони долари или околу 4,5 отсто од вкупно издадените обврзници“, рече таа.

Севкупно, „Black Rock“ поседува српски еврообврзници во вредност од 138 милиони евра, додаде Брнабиќ.

„Тоа претставува 1,54 отсто од вкупните издадени обврзници или 0,4 отсто од вкупниот јавен долг на Република Србија“, рече таа.

Сите обврзници на Република Србија кои беа издадени на меѓународниот пазар се необезбедени, додаде таа.

„Тоа значи дека не им се гарантира со имот на Република Србија, бидејќи во спротивно би вределе многу повеќе. Така инвеститорите веруваат дека ќе им се исплатат парите“, рече таа.