Американски дипломати во знак на протест заминуваат од Стејт департментот

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 

Група од десетина американски искусни и долгогодишни професионални дипломати во Стејт департментот одлучија демонстратиивно да го напуштаат Министерството за надворешни работи на САД во знак на протест и несогласување со политиката на новата администрација, пишува „Вашингтон Пост“.

Во групата се и потсекретарот Патрик Кенеди, двајца помошници секретари- Џојс Бар и Мајкл Бонд, како и раководителот на секторот за мисии, Гентри Смит.

Весникот вели дека тие не се именувани од доскорешната администрација, туку се професионалци и експерти во своите сектори, од кои некои се во дипломатската служба и 40 години.

– Ова е најголемото заминување на дипломати од кариера од Стејт департментот во досегашната историја- тврди весникот, објаснувајќи дека првпат се случува дипломати од овој ранг да си заминат од Стејт депратментот уште во првата недела од новата администрација и пред доаѓањето на новиот државен секретар.

Новоименуваат „прв дипломат“ Рекс Тилерсон, доскорешен претседател на нафтената компанија „Ексон-Мобил“ се уште очекува да добие потврда на своето именување од Сенатот на САД.

Според американската практика, после изборите доаѓа до редовно менување на раководниот состав во Министерството, но она што за првпат се случува е заминувањето на искусни прифесионалци во волку кус период, по влегувањето на новиот претседател во Белата куќа- изјавил за весникот претставник на американската Асоцијација на дипломатката служба (ФСА).

„Вашингтон Пост“ оценува дека Тилерсон сега се соочува со неочекувана ситуација, да го пополнува Стејт департментот со свои луге не само во првите ешалони на министерството, туку и во секторите каде ако и доаѓа до смена на лугето, тоа се прави многу подоцна, откако ќе им се обезбеди соодветна замена