Американски разузнавачки дронови летаат над Појасот Газа за да помогнат во собирањето разузнавачки информации за локациите на заложниците што ги зеде исламскиот екстремистички Хамас од јужен Израел на 7 октомври, објави агенцијата, цитирајќи двајца американски официјални претставници.
Еден официјален претставник изјавил за „Ројтерс“ дека дроновите почнале да летаат пред повеќе од една недела.
Меѓу заложниците има и американски државјани и се држени од екстремисти во Газа откако беа киднапирани за време на првичните напади врз Израел. Во тие напади загинаа повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили.
Израелската армија објави дека има повеќе од 240 заложници, а досега Хамас, кој владее во Газа, ослободи две Американки, мајка и ќерка и две постари Израелки, а уште една Израелка која служела воена служба беше ослободена на недела во копнена израелска воена операција.
Вестите за дроновите доаѓаат пред очекуваната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Израел, негова втора од почетокот на војната.
Пред да замине, Блинкен рече дека целта на неговата посета ќе биде да помогне во ослободувањето на сите заложници од Газа.