Американски експерт тврди дека вирусот нема да исчезне долго време: „Навистина гаден вирус“

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Еден од врвните американски експерти за јавно здравство вели дека вирусот ќе биде присутен долго време, и покрај тврдењето на Трамп дека „ќе помине без вакцина“.

Во коментар за американската телевизија „Фокс њуз“, д-р Том Инглсби оцени дека е веројатно дека досега е заразен само мал процент од населението, „така што повеќето од нив се уште се подложни на тој вирус“.

Инглсби е директор на Центарот за здравствена безбедност при Медицинскиот факултет „Џонс Хопкинс – Блумберг“.

Тој рече дека станува збор за „навистина гаден вирус“, и дека во Соединетите држави не се тестираат доволен број на луѓе, ниту пак се бараат контакти на оние што тестирани позитивно – за оние од кои се заразиле, или за оние кои би можеле да се заразат.

Инглсби предупреди за опасноста од повторно отворање на компаниите и враќање на Американците во активности „како порано“, што ќе доведе до зголемена „социјална интеракција, побрзо ширење на вирусот и поголем број заразени луѓе“.

Реагирајќи на тврдењето на Трамп дека вирусот „едноставно ќе исчезне“, Инглезби рече: „Не, овој вирус нема да исчезне. Да се ​​надеваме дека ќе научиме да живееме со него и ќе можеме да го намалиме ризикот од пренесување. Но тој вирус ќе остане како проблем во САД и низ целиот свет сè додека не најдеме вакцина“.