Американски град го ограничува „копањето“ на крипто-валути

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Властите на еден мал град во државата Њујорк забранија нови фарми за „копање“ на крипто-валути, вознемирени од огромната потрошувачка на електрична енергија за извршување на ваква дејност, соопшти Engadget.com.

Разбирливо е дека „мајнерите“ бараат места со евтина струја за „копање“ на крипто-валута. Гратчето Платсберг е едно од нив, но инвазијата од „копачи“ на виртуелни пари таму стана толку голема што властите биле принудени да воведат забрана на ново „копање“ на крипто-валутата.

Веќе создадените фарми можат да продолжат да работат, но е забрането пуштање на нови во следната година и половина. Платсберг е првиот американски град кој воведе такво ограничување.

Сегашните ниски цени на електрична енергија во Платсберг важат за месечна квота од 104 MWh. Ако градот го надмине, ќе мора да купи електрична енергија по пазарни цени, подигнувајќи ги тарифите за сите потрошувачи. Во иднина, градската власт има намера да наметне повисока цена само за „мајнерите“.

И на други места во светот властите се обидуваат да ги ограничат активностите на копачите на крипто-валута чија дејност е бескорисна за општеството и економијата и освен тоа е поврзана со одвојување на топлина и загадување на животната средина.

Слични содржини