Тим експерти од американскиот универзитет во Сан Диего тврдат дека дошле до доказ дека Ковид-19 не е респираторна, туку васкуларна болест.
Ова, како што наведоа, би можело да го објасни згрутчувањето на крвта што се појавило кај некои ковид-пациенти, како и симптомот на „ковид-стапала“, што не е типично за респираторни заболувања, пренесе „Еуроњуз“.
Веќе е познато дека покрај респираторни и други симптоми, постојат и кардиоваскуларни проблеми кај пациенти со коронавирус.
Студијата, која прецизно објаснува како вирусот ги оштетува клетките на васкуларниот систем, е објавена во списанието „Circulation Research“.
Истражувачкиот тим покажал како вирусот ги напаѓа кардиоваскуларниот систем и крвотокот.
Протеинот S во „шилестиот“ вирус, кој ја формира круната, го напаѓа рецепторот АЦЕ2 со оштетување на митохондриите. Тие ги напаѓаат клетките со енергија и го оштетуваат ендотелот кој ги напаѓа крвните садови.
Научниците ова го забележале и порано, но досега не ја знаеле улогата и механизмот на S протеинот.
За истражувачки цели, тие создадоа псевдовирус за студијата што има само S протеин, во лабораториски услови, да покаже дека протеинот е доволен за да предизвика болест.
Воспалението на васкуларното ткиво на белите дробови се јавува како ефект врз респираторниот систем.
„Повеќето луѓе мислат дека ова е респираторна болест, но не е. Ова може да објасни зошто луѓето имаат мозочен удар и проблеми со други делови од телото. Заедничко за сите нив е дека тие имаат васкуларна основа“, рече професор Уни Манор, асистент во студијата.