АМЕРИКАНСКИ НОВИНАР: Западот му предложи на Зеленски да избега од Украина и да формира влада во егзил

од Vladimir Zorba
747 прегледи

Непосредно пред почетокот на војната во Украина во 2022 година, западните земји го советувале украинскиот лидер Володимир Зеленски да формира влада во егзил, пишува неговиот биограф, новинарот на американското списание „Тајм“ – Сајмон Шустер.

„На денот на говорот на Зеленски на Минхенската безбедносна конференција на 19 февруари 2022 година, неколку западни лидери го повикаа да не се враќа во Киев и да започне да формира влада во егзил“, пишува Шустер во книгата „Шоумен“ (The Showman) посветена на Зеленски. Извадоци од книгата објави рускиот портал РБК.

Сепак, како што тврди Шустер, сугестијата да избега од земјата го засили впечатокот на Зеленски дека дури и неговите најблиски сојузници го отпишале.

„Мислам дека тоа го налути“, пишува новинарот.

Пред говорот во Минхен, Зеленски имаше средба со американската делегација предводена од потпретседателката Камала Харис. Тогаш, според учесниците на состанокот, Американците објавиле дека „инвазијата е неизбежна“.

Шустер наведува дека украинската делегација во Минхен се уверила дека некои нејзини западни сојузници се сигурни во неизбежниот пораз на Украина и, според проценките на украинската страна, се наклонети кон тоа Киев и Москва да склучат договор по руски услови.

Потсетуваме, странските медиуми се почесто пишуваат дека САД и ЕУ се повеќе се уморни од украинската криза, а поддршката за Зеленски се намалува. Според Ен-Би-Си, американски и европски претставници веќе разговараат со властите во Киев за можните последици од мировните преговори со Русија, вклучително и од она што Украина можеби ќе треба да се откаже за да постигне договор.

Слични содржини