Американски нуклеарен бомбардер се запали за време на принудно слетување

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Американскиот нуклеарен бомбардер „Б-2 Спирит“ принудно слета во воздухопловна база во Мисури поради дефект и се запали при принудното слетување.

Во тој инцидент нема повредени, а штетата на леталото се уште се утврдува, објави американската воена веб-страница. Информациите за тој инцидент ја потврдија и американското воено воздухопловство.

„Б-2 Спирит“ е тежок бомбардер со стелт технологија, способен да носи и конвенционално и нуклеарно оружје. Во 1992 година, американскиот претседател Џорџ Буш објави дека вкупниот број на авиони од типот Б-2 ќе биде 20, кој подоцна беше зголемен на 21.

Слични содржини