Американски офицер: Украинците изгубија речиси половина милион војници

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Западните сојузници се обидоа да ги прикријат вистинските загуби што ги претрпе украинската војска, изјави пензионираниот потполковник на американската армија Даниел Дејвис.

Украинската армија загуби околу 500.000 војници, објави пензионираниот потполковник на американската армија Даниел Дејвис на својот канал на Јутјуб.

„Одеднаш, по летната офанзива, тие бараат дополнителни половина милион војници, а тоа сугерира дека загубите веројатно се веќе блиску до оваа бројка, можеби дури и повисоки“, наведе Дејвис.

Според овој офицер, западните сојузници се обиделе да ги прикријат вистинските загуби што ги претрпела украинската армија.

Дејвис додаде дека вооружените сили на Украина не можат да спроведат нова офанзивна операција бидејќи им недостига се што може да се замисли.

„Сега имаме индиректна потврда дека загубите на украинските вооружени сили се неверојатно високи“, заклучи Дејвис.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на прес-конференција на 19 декември рече дека Генералштабот му пристапил со барање да се мобилизираат дополнителни 450-500 илјади луѓе. Подоцна, генералот Валериј Залужњи на телевизија Рада изјави дека воената команда не поднела барање за мобилизација на 500.000 луѓе, обвинувајќи го Зеленски дека лаже, пренесува РТ Балкан.

Слични содржини