42
Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД Доналд Трамп и неговиот тим влегуваат во крајот на кампањата во трката за Белата куќа со уверување дека се на прагот на победа и втор претседателски мандат, тврдат од американскиот портал „Hill.com“.
Анкетите покажуваат дека Трамп, кој е и поранешен претседател на САД, денес е во посилна позиција отколку што беше во исто време во неговите претходни две претседателски кампањи, вклучително и во 2016 година, кога победи.
Извори блиски до изборниот штаб на Трамп го опишаа расположението во неговиот изборен штаб како „внимателно оптимистичко“.