Американски Сенат: „Викиликс“ клучен за мешање во изборите во САД

од Vladimir Zorba
148 прегледи

„Викиликс“ одигра клучна улога во руските разузнавачки активности насочени кон влијанието на исходот на претседателските избори во 2016 година во САД и победата на сегашниот претседател Доналд Трамп, се вели во извештајот на сенатската Комисија за разузнавање.

Се чини дека „Викиликс“ знаел дека помага на руската разузнавачка служба, беше наведено денес за време на сесијата на Комисијата, пренесува Ројтерс.

Во извештајот се споменува и шефот на изборниот штаб на Трамп, Пол Манафор, како личност која соработувала со Русите, меѓу кои е и рускиот олигарх Олег Дерипаска, и пред и по американските претседателски избори во 2016 година.

На сесијата беше наведено дека улогата и блискоста на Манафор со Доналд Трамп влијаеле на руската разузнавачка служба и претставувале сериозна контраразузнавачка закана за САД.

Овие тврдења се дел од петтото и последното поглавје од извештајот на Комитетот за разузнавање на Сенатот, засновано на три и пол годишна истрага за вклученоста на Русија во победата на Трамп во 2016 година над кандидатот за демократски претседател Хилари Клинтон.

Слични содржини