Американски сенатор: Курти смета дека Приштина има безрезервна поддршка од САД, но не е така

од Stefanija Kuzmanovska

Врз основа на досега преброените гласови на изборите за Конгресот на САД, републиканците имаат мала предност пред демократите, додека во трката за Сенатот водат со 49 места наспроти 48, а еден од оние кои обезбедија место во Сенатот е Рон Џонсон кој триумфираше во државата Висконсин.

Неговата победа пред се се должеше на „српските гласови“, односно на фактот дека за Џонсон гласаа 22.000 Американци со српско потекло во два клучни области во Висконсин.

Не треба да заборавиме дека во текот на кампањата сенаторот се осврна и на актуелната состојба на Косово, како што наведе на предизборна средба.

„Курти работи под претпоставка дека Албанците на Косово ја имаат безрезервната поддршка од Америка, и дека Америка не ги сака Србите, што му дозволува да прави што сака, но тоа не е така“, изјави сенаторот Џонсон.

Џонсон доби 1.334.680 гласови (50,5 отсто), а неговиот противкандидат од Демократската партија Мандела Барнс 1.307.283 (49,5 отсто).

Сенаторот Џонсон беше присутен на потпишувањето на Вашингтонскиот договор.

Кога станува збор за Конгресот, конгресменката Клаудија Тени, копретседател на српската пратеничка група, го потврди своето место во Долниот дом.

Слични содржини