Американски воен авион собори противбродска крстаречка ракета лансирана од јеменските бунтовници Хути од територијата на Јемен кон американски разурнувач распореден во јужниот дел на Црвеното Море, соопшти американската војска.
Централната команда на САД (CENTCOM) во неделата на платформата X објави дека нема повредени и не е причинета штета.
CENTCOM соопшти дека проектилот бил соборен во близина на јеменското пристаниште Ходеида, објави „Ројтерс“.