Американски воен претставник: Добивме извештај за големи проблеми во руската армија

од Nikola Popovski
277 прегледи

Неименуван висок американски функционер за одбрана информира дека САД имаат извештаи за опаѓање на моралот на руските војници во некои единици во Украина.

„Нешто од тоа, веруваме, е функција на лошото раководство, недостатокот на информации што ги добиваат војниците за нивната мисија и цели и мислам дека тие се разочарани од отпорот на Украинците“, рече тој, пренесува Ројтерс.