Американски здравствени власти: На целосно вакцинираните не им е потребна трета доза

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Американските здравствени власти по состанокот со претставниците на компанијата „Фајзер“ изјавија дека американските граѓани кои биле целосно вакцинирани против коронавирусот не мора да примаат трета доза на вакцината.

„Фајзер“ минатата недела соопшти дека планира да побара одобрување од американските регулатори за дополнителна доза на вакцина, заснована врз докази за зголемен ризик од инфекција шест месеци по имунизацијата, но и поради ширењето на делта сојот на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Од компанијата велат дека „Фајзер“ и американската администрација делат верување дека е потребно секогаш да се биде пред вирусот и да се потврди дека има договор со американската администрација дека научните податоци диктираат кои следни чекори ќе бидат преземени.

Ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој за првпат беше откриен во Индија, ја продлабочи дилемата дали вакцините обезбедуваат доволна заштита од позаразниот делта сој на вирусот.

Слични содржини