Американскиот амбасадор во Грција: На нашите пријатели од С. Македонија им препорачавме да го користат уставното име

од Nikola Popovski
99 прегледи

Американскиот амбасадор во Грција, Џорџ Цунис бара почитување на Договорот од Преспа за да се избегнат тензии меѓу двете влади. Во интервјуто што го дал за грчката национална телевизија „ERT“, покрај договорот со кој се реши спорот меѓу Македонија и Грција, Цунис зборувал и за иднината на одбранбената соработка меѓу Атина и Вашингтон, улогата на НАТО во регионот и перспективата на грчко-турскиот дијалог.

„Не сакам да бидам груб, бидејќи ова е нова влада, но, би било погрешно доколку (новата македонска влада) направи нешто што ќе го загрози Договорот од Преспа. Тоа беше тешко постигнат договор, беше историски и мора да се почитува. Изненаден сум што новата влада на Северна Македонија не ја нарекува земјата со нејзиното уставно име. Мислам дека сите сме изненадени, но се обидуваме, со почит, да ги поттикнеме да ја нарекуваат својата земја со нејзиното уставно име. Згора на тоа, придржувањето кон меѓународните договори е столбот на дипломатијата. Непочитувањето на истите создава многу проблематични ситуации“, рекол Цунис.

На прашањето дали мисли дека македонските власти би можеле да го загрозат европскиот пат на земјава, американскиот амбасадор рекол:

„Не зборувам во име на Европа, но би го повторил она што го кажа мојата влада, дека упативме сериозна препорака до нашите пријатели во Северна Македонија да ја нарекуваат својата земја со нејзиното уставно име.

Договорот е на сила и мора да се почитува, бидејќи меѓународните договори меѓу државите се самиот столб на дипломатијата. Непочитувањето на нив би довело до непотребни тензии. Тоа е нешто што може да се избегне“.

Слични содржини