Американскиот амбасадор во Русија Џон Хантсман поднесе оставка . Тој испрати писмо до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Хил“.

Во него, тој истакна дека е чест да се служи како американски амбасадор во Русија за време на „овој историски тежок период во билатералните односи “.

Хантсман, поранешен гувернер на Јута, планира да се врати во државата оваа есен . Тој размислува повторно да се кандидира за гувернер , пишува Солт Лејк Трибјун.

59-годишникот го напушти Јута како гувернер во 2009 година да стане американски амбасадор во Кина. Тој е амбасадор на САД во Русија од 2017 година.

Неговата оставка ќе стапи на сила на 3 октомври.