Дипломатот од САД Габриел Ескобар денеска ќе пристигне во Скопје каде ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и други функционери за да разговараат за клучните регионални предизвици.
“Го поздравуваме пристигнувањето на специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, во Скопје. За време на посетата, г.Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери на да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот”, објавија од Амбасадата на САД.
На Самитот на Западен Балкан во октомври, Ескобар рече дека САД се свесни дека не сите земји од ЕУ сакаат брзо проширување, но дека САД работи заедно со ЕУ на решавање на проблемите, додавајќи дека искуството на САД со земјите од регионот кои се во НАТО е позитивно и дека ЕУ може да го очекува истото.