Тој не е „свиркач “туку незадоволен службеник, тоа е побудата за предавството

Извештајот е објавен во момент кога Сноуден, кој живее во Русија, бара помилување од американскиот претседател Барак Обама бидејќи, како што тврди, ѝ помогнал на својата земја обелоденувајќи ги тајните програми за домашен надзор, следење и прислушување.
Активностите на Сноуден предизвикаа објавување информации за милиони снимани телефонски разговори на Американци кои ги прислушувала НСА.