Американскиот национален архив дозволи пристап до илјадници документи поврзани со атентатот на поранешниот американски претседател Џон Кенеди во 1963 година, објави Ројтерс.
Атентатот на Џон Кенеди, 35-тиот претседател на САД, се случи на 22 ноември 1963 година во Далас, Тексас, САД.
Џон Кенеди беше смртно застрелан додека се возеше со неговата сопруга Жаклин во претседателската колона.
Повеќе владини комисии, вклучително и Комисијата на Ворен, која го истражуваше атентатот 10 месеци, заклучија дека Кенеди бил убиен од Ли Харви Освалд.
Мнозинството од американската јавност првично се согласи со овој заклучок, но од првото истражување на Галуп во 1966 година, повеќето испитаници не се согласуваат со овие наоди.
Овој атентат сè уште е предмет на широки шпекулации и доведе до бројни теории на заговор, иако ниту една од нив не е докажана.
Архивите објавени денеска се веќе декласифицирани во декември 2021 година.
Убиството на многу популарниот американски претседател на 22 ноември 1963 година во Далас, Тексас, доведе до бројни теории на заговор, поттикнати од стотици книги и филмови како „ЏФК“ на Оливер Стоун во 1991 година.