Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека Русија го проширува и модернизира својот нуклеарен арсенал.
На церемонијата на именување на новиот командант на американската стратешка команда, која го надгледува нуклеарниот арсенал, Остин рече дека Кремљ ја продолжува „својата сурова и неиспровоцирана војна против Украина“, објави Ројтерс.
„Целиот свет го виде Путин како се ангажира во длабоко неодговорно „ѕвецкање“ со нуклеарните сабји“, рече Остин.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска предупреди дека секоја земја што ќе се осмели да ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде „избришана од лицето на земјата“, пренесе Ројтерс.
Путин рече дека Русија нема уредба прво да изврши превентивен нуклеарен напад, за разлика од САД, но дека напредното руско хиперсонично оружје и гарантира на Русија дека може силно да одговори доколку некогаш е во опасност.