Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпин успеаја да постигнат договор за обновување на трговските преговори за време на средбата на G20 во Осака.
Задно со тоа, на специјална прес-конференција Трамп објави дека американските компании повторно ќе можат да работат со Huawei, што барем засега става крај на несигурностите околу меѓународниот бизнис на кинескиот телекомуникациски гигант, кои започнаа во средината на месец мај.
Според него, станува збор за продажба на опрема што нема поврзаност со националната безбедност на земјата.
Засега не е јасен целиот спектар на погодности, но најверојатно американските компании ќе можат да продолжат да продаваат чипови на Huawei, а освен тоа, Google ќе продолжи да обезбедува пристап до своите услуги за Android.
Во моментов компанијата се уште е присутна во специјалната „црна листа“, но според Трамп наскоро ќе бидат одржани состаноци за бришење на Huawei од неа.