Американските медиуми се свртеа против принцот Хари и Меган Маркл

од Stefanija Kuzmanovska

Американските медиуми се фокусираа на принцот Хари и Меган Маркл по последните три епизоди од нивниот документарен филм.

ABC, CNN, Fox News, The Associated Press и други американски медиуми им ги посветија утринските вести и извештаи на Хари и Меган, но не на начинот на кој тие би очекувале.

„Среде нивното прераскажување, се чини дека не можат а да не направат карикатури од самите себе, потопени во еден вид нарцизам што можат да го издржат само оние кои се обучени да бидат пред објективот (Хари поради неговото кралско семејство, Меган поради нејзината професија)“, пишува Jezebel.

„Искрено се надеваме дека најлошото од нивната бура заврши и дека Хари, Меган, нивните деца и нивните најблиски ќе можат да го живеат својот досаден живот непречено. И, исто така, искрено се надевам дека ова е последен пат да слушам било што за тоа“, остро завршија од медиумот.

Многумина мислеа дека Меган и Хари ќе имаат поддршка од Америка, но работите сепак се заземаа поинаков тек.

Кир Симонс, репортер на NBC, рече: „Боже, за што ли ќе размислува Вилијам ова утро?“ и така го започна своето обраќање.

Минатата недела, водителката Савана Гатри започна да известува за првите три епизоди заблагодарувајќи им се на новинарите „што ја гледале серијата за да ние не мораме“, а ова се само некои од суровите примери што се појавија во врска со Меган и Хари.

„Ја сакавме нашата приватност, сакавме новинарите да не остават на мира, бла бла. И што направија тогаш, го покажаа нивниот и животот на нивните деца на Нетфликс. Тоа е како семејството Кардашијан, само досадно“, коментира Тајлер Пери.

Новинарот на „Фокс“ исто така рече дека Хари и Меган се на пат да бидат најомразените членови на кралското семејство досега и дека Хари е на добар пат да биде навреден од кралот Чарлс.

Од Кралскиот двор се уште не се огласиле, а обврските продолжуваат да ги исполнуваат со насмевка на лицата, како оваа драма да не ги ни допира.

Слични содржини