Американските власти веруваат дека Израел ќе ги таргетира иранските воени и енергетски објекти

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Американските власти веруваат дека Израел ги одредил целите на својот потенцијален одговор на нападот на Иран на почетокот на овој месец и дека ќе ги таргетира иранските воени и енергетски објекти, објави денеска американската ТВ мрежа NBC.

Блискиот Исток останува во состојба на висока готовност за понатамошни ескалации додека Израел се бори против проиранските групи Хезболах во Либан и Хамас во Газа, пишува Ројтерс.

Засега нема индикации дека Израел ќе ги таргетира нуклеарните постројки во Иран или ќе изврши атентати, според Ен-Би-Си, повикувајќи се на неименувани американски претставници и додавајќи дека Израел сè уште не одлучил дефинитивно како и кога ќе дејствува.

Слични содржини