Американско Министерство за правда: Осомничениот за обидот на атентат на Трамп имал план и опрема

од Илинка Илиоска
12 прегледи

Осомничениот за обидот за атентат на Доналд Трамп напишал писмо во кое изјавил дека има намера да го убие поранешниот претседател на САД и дека има список со локации каде што се очекувало Трамп да биде, соопшти Министерството за правда на САД.

Писмото, адресирано „Драг Свету“, било напишано од Рајан Раут неколку месеци пред неговото апсење на голф теренот во Вест Палм Бич, Флорида, каде што Трамп играл голф. Писмото било ставено во кутија која била оставена во домот на неидентификувано лице, кое контактирало со федералните власти по апсењето на Раут, се додава во извештајот.

Кутијата исто така содржела муниција, метална цевка и други предмети.

Според Министерството за правда, мобилниот телефон на осомничениот се поврзувал со мобилни кули во близина на голф теренот на Трамп и неговиот дом во Флорида повеќе пати, во периодот од 18 август до 15 септември, според судскиот поднесок од денеска.

Тие исто така пронашле рачно напишан список со датуми и локации каде што се очекувало дека републиканскиот претседателски кандидат ќе биде присутен, се наведува во поднесокот.

Властите кои го пребарале автомобилот на 58-годишниот осомничен пронашле шест мобилни телефони, вклучувајќи еден кој покажувал Гугл пребарување за тоа како да се патува од округот Палм Бич до Мексико.

Во неговиот автомобил била пронајдена и тетратка во која биле напишани критики за владите на Русија и Кина, како и белешки за тоа како да се приклучи на војната во поддршка на Украина.

Овие обвинувања беа објавени пред денешното сослушување, на кое се очекува обвинителите да аргументираат дека Раут треба да остане во притвор додека случајот продолжува.

Тој беше задржан по слушањето на истрели во близина на местото каде што Трамп играл голф во Вест Палм Бич на 15 септември.

Ова се случи откако републиканскиот претседателски кандидат беше повреден во обид за атентат на митинг во Батлер, Пенсилванија, во јули.

Слични содржини