Американското министерство за одбрана: Продорот на Русите е запрен!

од Nikola Popovski
225 прегледи

Напредокот на Русија во Украина е речиси целосно запрен, најмногу поради отпорот на Украина, изјавил во понеделник претставник на американското Министерство за одбрана.

Според официјални лица, нема значаен напредок од страна на руската војска во Киев, а вооружените сили се запрени на аеродромот Хостомел северозападно од главниот град. Тој додал дека конвој од 50 до 60 возила се движи кон Изум, град североисточно од Харков.

Но, засега нема индикации дека руската армија се зајакнува со муниција или војници, вели претставникот.

Официјалниот претставник, исто така, рече дека немало американски воен персонал, изведувачи или цивилни работници во американската воена база во украинскиот град Јаворив во близина на границата со Полска, каде што најмалку 35 лица загинаа во руски напад во текот на викендот.

-Пакет воена помош од 350 милиони американски долари пристигна во Украина во текот на викендот, но дополнителни 200 милиони долари за одбрана сè уште не се испратени, додаде официјалниот претставник.