Американците ја нападнаа Иванка Трамп: Може ли да си повеќе бесчувствителна?

330 прегледи

Советничката и ќерка на американскиот претседател, Иванка Трамп е во самоизолација по средбата со австралиски дипломат кај кого била потврдена заразата со коронавирусот. Бидејќи се труди јавноста редовно да ја информира за своите приватни и работни активности, така денес одлучи да покаже како изгледа нејзиниот ден со децата.

Иако се надевала дека со тоа ќе се прошири свеста за важноста за седење дома, на крајот сите ја нападнале.

Иванка попкажа како со децата кампува под шатор во својата дневна, а критичарите ја нападнале дека не е свесна за проблемите со кои американците се соочуваат поради коронавирусот.

Бидејќи Белата куќа забрани собири на повеќе од 10 луѓе, бројни фирми се затворени, а многумина нема да примаат плата за време на пандемијата. Освен тоа, нејзиниот татко, Доналд Трамп, донел одлука за одвојување на децата од родителите имигранти на границата па за многумина објавата на
Иванка е лицемерна.

„Додека останатите се обидуваат да организираат дневен престој за своите деца, да платат сметки и да купат намирници, ти си играш мајка. Може ли да бидеш повеќе бесчувствителна?“ и „Би требала да дојдеш во Порторико. Многу си игравме откако не погодија потресите“, се само неколку од коментарите.

Слични содржини