Центарот за контрола на болести на САД објави дека на сите вакцинирани граѓани ќе им биде дозволено да бидат во затворени простории без маска.
Центарот за контрола и превенција на болести на САД објави дека граѓаните кои биле вакцинирани со две дози од вакцината, можат да се вратат во некоја форма на нормален живот. Оние што се правилно вакцинирани можат да посетат други вакцинирани и некои невакцинирани граѓани без маска или социјално растојание во затворени простории.
Досега околу 30 милиони Американци биле целосно вакцинирани со обете дози. Според новите правила, на Американците кои биле вакцинирани со две дози сега им е дозволено: да се состанат со други вакцинирани граѓани во затворен простор без маски и социјално дистанцирање, да избегнуваат карантин доколку се изложени на Ковид-19 и доколку не добијат никакви симптоми и можат да се сретнат со невакцинирани лица ако се членови на едно домаќинство или ако не се во групата на ризици на граѓани. “Почнавме да опишуваме како изгледа светот и сфативме дека сме го победиле Ковид-19 и продолживме понатаму.