Наместо да одлучат за кого да гласаат на претстојните претседателски избори, многу Американци ги поминаа последните неколку дена во агонија и трговска треска. Сцените, кои ги пренесуваат локалните медиуми, повеќе потсетуваат на подготовки за нуклеарна војна или природна катастрофа отколку на финалето на изборниот процес.
Табита Конверс тивко се подготвува за денот на изборите со складирање на конзервирана храна, тоалетна хартија и други основни намирници во нејзиниот подрум. Дури го убедила сопругот да купи ловечка пушка за секој случај.
Кој знае што уште може да се случи?
Како и милиони Американци, таа стравува од насилство за кое експертите велат дека може да биде несакан ефект на претседателските избори оваа година. За една година опустошена од смртоносна пандемија на коронавирус и пожари од катастрофални размери, обележани со насилни протести за човекови права и воспалителна реторика на кампањата – кој знае што уште може да се случи.
Водени од таа логика, Американците најпрво се упатиле кон продавниците за оружје и муниција. Продажбата скокна на рекордно високо ниво.
„Тие дури и не го знаат процесот. Тие само сакаат да купат оружје – и јас имам околу сто повици на ден за тоа“, изјави Бил Кjучик, сопственик на продавница за оружје за „Скај њуз“, посочувајќи на празната витрина на која пишува дека има „околу сто пушки“.
Граѓаните на Мичиген, клучна „колеблива“ држава, т.н. „свинг држава“, за која не се знае со сигурност за кој кандидат да се гласа, е во водство во вооружувањето од страв од граѓански немири во случај на спорен резултат на изборите. Но, Мичиген, има причина за повеќе – таа држава исто така се покажа како жариште на домашни милитантни активности.
Оружјето и храната не се доволни
Бран паника ги турна Американците кон банкоматот. Иако банкарите советуваат да не носат избрзани финансиски одлуки – акумулацијата на готовина сè уште изгледа разумно решение за некои американски граѓани. Од друга страна, во страв од прекин на електричната енергија, тие се повеќе купуваат апарати на гас, а со тоа и натрупуваат цилиндри за гас во своите остави.
Многумина отидоа чекор подалеку – побегнаа од своите градови во оддалечени, помалку населени области, додека некои се одлучија за уште побезбедна опција и си обезбедија вистински бункери.
Оние што останаа во своите домови прават се што можат за да не бидат воочливи на кој било начин – тие ги вадат политичките налепници и транспаренти од нивните автомобили и куќи, а дворните натписи со имињата и паролите на претседателските кандидати завршуваат во ѓубре.
Оние кои имаат сопствен бизнис, продавници, барови или ресторани, исто така, преземаат посебни мерки за да ги обезбедат своите простории за време на денот на изборите и што може да следи подоцна.
Сите мрачни сценарија
Вжештената атмосфера пред изборите доведе до фактот дека граѓаните на САД очекуваат неколку сценарија во случај на спорни резултати, и сите тие се мрачни.
Според американските медиуми, ако некој од претседателските кандидати не сака да го признае поразот, може да се појават протести, и тие лесно да станат насилни. Од друга страна, граѓаните стравуваат дека ова може да добие димензии на граѓанска војна.
Ова е поддржано од неодамнешното објавување на самопрогласениот „Децентрализиран анархистички колектив“ поврзан со Антифа. Организацијата сподели многу упатства на Твитер кои ги опфаќаат сите аспекти на насилните протести, од прва помош до демонстранти до совети како да се санираат вообичаените повреди од полициското оружје, па дури и како најефикасно да се лекуваат раните од куршумите.
Сепак, судејќи според подготовките на граѓаните, како да доаѓа крајот на светот.
Водечките кандидати за претседател, републиканецот Доналд Трамп и демократот eо Бајден, се чини дека немаат шанси на овие избори – стравот и потрошувачката дефинитивно ја однесоа победата.