Вистинска конфузија во светот се случи откако бродот „Евер Грин“ се насука под налетот на ветерот и со тоа целосно го блокираше транзитот низ Суецкиот канал.
Блокадата предизвикана од пловниот објект веќе има значителни последици врз економијата, а медиумите почнаа да го споменуваат планот од 60-тите години на минатиот век, кој требаше да биде алтернатива на Суецкиот канал.
Имено, САД еднаш го разгледаа предлогот да се користат 520 нуклеарни бомби за да се направи алтернатива на Суецкиот канал, кој ќе поминува низ Израел.
Планот никогаш не бил спроведен, но алтернативната рута долж Суецкиот канал сега би можела да биде многу корисна бидејќи транзитот е блокиран.
Modest proposal for fixing the Suez Canal situation https://t.co/QA3hYABeU6
— Alex Wellerstein (@wellerstein) March 24, 2021
Според меморандумот од 1963 година, кој беше декласифициран во 1996 година, планот беше да се фрлат 520 нуклеарни бомби за да се „изделка“ канал преку пустината Негев. Каналот би бил долг околу 257 километри и ќе минувал низ Израел.
По четири нуклеарки на 1,6 километри
Во документот се наведува дека конвенционалните методи би биле „скапи“.
– Нуклеарните експлозиви би биле профитабилно решение за ситуацијата – пишува во меморандумот, додавајќи дека ваквиот канал можел да биде стратешки вредна алтернатива на Суецкиот канал и многу ќе влијае на економскиот развој.
Што се однесува до моделот колку би чинел, меморандумот проценува дека ќе бидат потребни четири нуклеарни бомби со моќност од два мегатони на секои 1,6 километри, што би значело 520 нуклеарки и 1,04 гигатони експлозив.
Сепак, меморандумот се соочи со проблем што авторите не го разгледуваа, бидејќи стана многу веројатно арапските земји во израелското соседство да се спротивстават на изградбата на таков канал.