Амфора: Немилосрдно истребување на рибниот фонд во Охридско езеро (ВИДЕО)

од Берта Китинска
365 прегледи

Во текот на секојдневните подводни активности сме сведоци на постојаното уништување на веќе значително осиромашениот рибен фонд на Охридското Езеро, вели Јован Секулоски, претседател на центарот за нуркање Амфора.

„За време на мрест, период кога е најранлива и најмногу треба да се размножува, Охридската пастрмка безмилосно се лови. Заробени со денови, без можност да се хранат и живеат рибите се препелкаат во лесно поставените замки.Сме реализирале специфични акции за отстранување на изгубени и заборавени рибарски алати како и многубројни еколошки акции со нашите колеги со цел подигнување на јавната свест по однос на заштита на рибите и животната средина на Охридското езеро.Се превземаат и мерки од релевантните институции, сепак дали се доволни сите тие мерки за да се заштити она што ако го загубиме, никогаш нема да се врати?“, прашува Секулоски.

 

 

Слични содржини