Амиџиќ излезе од болница: Сепак бил позитивен на корона

од Stefanija Kuzmanovska
379 прегледи

Како што дознава „Нова.рс“, водителот Огњен Амиџиќ денес ја напуштил болницата КБЦ Бежанијска коса, каде престојуваше поради воспаление на плуќата.

Иако направените два PCR теста покажаа дека тој е негативен на коронавирусот, лекарите инсистираа Амиџиќ да направи скенирање на белите дробови, како и тест на крвта, по што дефинитивно беше потврдено дека е заразен со ковид 19.

Огњен помина седум дена во болница, а денес беше пуштен бидејќи сите резултати беа добри, а тестот за антитела го покажа нивното присуство.

Тој вели дека се чувствува добро и дека им должи голема благодарност на лекарите од КБЦ Бежанијска коса.

Слични содржини