Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, бил подготвен да го напушти клубот во јануари, фрустриран од почетокот на својата кариера на „Олд Трафорд“, тврди ESPN.
Португалецот имаше тежок почеток на чело на „Црвените ѓаволи“, а работите дури и се влошија во текот на сезоната, но сега тој сè уште може да ја спаси сезоната ако ја освои Лигата на Европа.
Тренерот беше сериозно депресивен по само една победа во првите 8 натпревари на чело на тимот, а по поразот од Брајтон со 1:3 беше подготвен да си замине, иако ја презеде контролата врз тимот само 2 месеци претходно.
Сепак, на крајот, луѓето околу него го убедија да остане, што конечно го потврди еден од големите шефови – Омар Берада, кој го увери дека има целосна поддршка од Сер Џим Ратклиф.
Јунајтед никогаш не размислувал за промена, иако тимот во најдобар случај ќе заврши на 14-то место на табелата. Сепак, се очекува многу пари да бидат потрошени за играчи во текот на летото, а првиот од нив е веќе потврден, а тоа е Матеуш Куња, кој ќе биде земен за 62,5 милиони фунти од Вулверхемптон.