Аморим: Чувствував дека се е можно, Лига на Европа сега ни е најважна

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, денеска изјави дека чувствува дека е можно неговиот тим да направи пресврт и да победи против Лион и покрај тоа што загуби со 4-2.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед обезбедија пласман во полуфиналето на Лига Европа откако во четвртокот по продолженијата го совладаа Лион со 5-4, иако заостанаа со 4-2 до 114. минута.

„Водеа со 4-2, но чувствував дека се е можно. Овој момент може многу да им помогне на играчите во ваква сезона. Може да создаде врска меѓу навивачите и играчите, да се обидат да ја заборават оваа лоша сезона на неколку минути. Чувството е добро, но мораме да продолжиме понатаму“, изјави Аморим по натпреварот, пренесе Би-би-си.

Слични содржини