Аморим даде зелено светло за разделба со Антони

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед – Рубен Аморим му дал зелено светло на клубот да се ослободи од трансфер разочарувањето Антони, пишува „Дејли Стар“.

Во летото 2022 година англискиот гигант потроши 86 милиони фунти за да го привлече Бразилецот од Ајакс, но крилниот напаѓач никогаш не успеа да се наметне и да блесне на „Олд Трафорд“.

Веќе подолго време се шират гласините дека клубот ќе се раздели со него во јануари, а сега изданието потврдува дека Антони нема да добие втора шанса под водство на новиот менаџер.

Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде играчот, но доколку во јануари не се најдат кандидати, тие се склони да го испратат некаде на позајмица.

Аморим веќе размислува како негова замена да го ангажира младиот Џовани Кенда од неговиот поранешен клуб Спортинг, но се чини дека ќе треба да почека до летото.

Слични содржини