Аморим има лек за фудбалерите на Јунајтед: Кој не дава се од себе, ќе игра во Бугарија!

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, јасно стави до знаење дека нема да толерира недостаток на посветеност во тимот.

Португалецот, познат по својата дисциплина и одлучност, е подготвен да преземе екстремни мерки доколку некој од играчите не даде се од себе на тренинзите.

Англиските медиуми открија дека Аморим ги предупредил своите играчи со конкретен пример од неговото минато – приказната за Гајус Макута. Фудбалерот, кој моментално игра за Боависта, беше исфрлен од Брага под водство на Аморим и испратен на позајмица во Берое поради слаб ангажман.

„Имаше квалитети, но не беше целосно посветен. На Рубен не му е гајле кој си ако не си 100% со тимот. Тоа е принцип што не го крши“, вели прес аташето на Брага, Гонзало Фереира.

За време на неговиот престој во Берое, Макута забележа 11 гола и 4 асистенции на 39 натпревари, но тоа не ја промени позицијата на Аморим. Одлучноста на Португалецот го искачи на врвот на португалскиот фудбал, а сега истата филозофија ќе ја применува и во Манчестер Јунајтед.

Слични содржини