Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим избегна да даде конкретни одговори на прашањата за Маркус Рашфорд.
„Црвените ѓаволи“ го совладаа Арсенал на пенали во третото коло од ФА Купот на стадионот „Емирати“.
Откако натпреварот заврши 1:1 во регуларното време и продолжението, решавачкиот пенал во серијата го постигна Џошуа Циркзе.
Зборувајќи за Рашфорд, Аморим рече: „Не знам. Не знам, ќе видиме. Тој е играч на Манчестер Јунајтед. Ќе видиме. Тој мора да работи. Мора да го претставува овој клуб и го сака овој клуб, но јас морам nosam одлуки. Веќе зборував за тоа како донесувам одлуки. Така да, тоа е што е. Да продолжиме понатаму. Ќе видиме следниот натпревар. Како што кажав, морам да правам селекција“, изјави португалскиот стручњак.
Рашфорд се почесто се споменува како нов играч на Милан.