Аморим ја објасни ситуацијата со Гарначо: „Има уште многу да учи…“

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, рече дека ФА Купот е важен турнир за тимот и ја истакна тешката победа на неговиот тим во средата, кога „црвените ѓаволи“ победија над Ипсвич со десет играчи откако Патрик Доргу беше исклучен. Португалецот исто така призна дека ниту еден од многуте повредени играчи во неговиот тим нема да може да се опорави за натпреварот од ФА Купот со Фулам во недела од 17:30 часот по наше време.

„Имаме ист состав, никој не се опорави за да ни помогне на следниот натпревар. Тие продолжуваат да ги лечат повредите и се надеваме дека ќе бидат достапни за следните натпревари. ФА Купот е навистина важен турнир за нас, но во денешно време единственото нешто што е важно е последната победа. Чувството кога работите по успехот е сосема поинакво. Различен беше и начинот на кој работевме последните денови. Сакаме да оствариме втора домашна победа на турнирот и да одиме напред“, изјави португалскиот тренер. Манчестер Јунајтед го елиминира Лестер во претходното коло од турнирот.

Аморим потоа мораше да одговара на прашањата за Алехандро Гарначо и неговото заминување директно во тунелот на стадионот, откако Аргентинецот беше заменет во првото полувреме против Ипсвич по црвениот картон на Доргу.

„Тој е млад фудбалер и има уште многу да учи. Ја проучував ситуацијата. Тој отиде во соблекувалната бидејќи беше мокар, се пресоблече и таму го гледаше натпреварот, а по натпреварот си замина дома. Нема ништо посебно во тоа. Важно е што следното утро дојде во мојата канцеларија и разговаравме што се случи. Треба да внимаваме на малите разлики – на пример, Џошуа Зиркзе направи нешто слично против Њукасл (Холанѓанецот беше заменет по само 30 минути на теренот). Контекстот беше различен, но она што се случи беше исто. Сега ситуацијата со играчите е многу поинаква, порано имаше само два весника. Сега не можете да одите на социјалните мрежи без да видите некоја вест или фотографија. Можете да направите 100 добри работи, но луѓето ќе се фокусираат на едната лоша работа и треба да бидете подготвени за тоа“, рече Аморим.

Тој призна дека на „Олд Трафорд“ веќе се работи на плановите за летната селекција. На социјалните мрежи, Манчестер Јунајтед продолжува да се поврзува со многу различни играчи, а најупорните гласини околу Џовани Кенда од Спортинг Лисабон и Виктор Осимен од Наполи. „Црвените ѓаволи“ продолжуваат да имаат проблеми со финансискиот фер-плеј и клубот ќе мора да се раздели со дел од своите играчи за да привлече нови играчи.

„Треба да направиме некои договори за да можеме да привлечеме нови. Свесен сум за оваа ситуација. Менуваме многу работи во составот и во академијата, работиме на многу работи, но бидете сигурни дека се подготвуваме за следната сезона“, заклучи Аморим.

Слични содржини