Аморим: „Јунајтед? Беше сега или никогаш“

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Португалскиот тренер Рубен Аморим вели дека Манчестер Јунајтед го довел во ситуација во рок од три дена да одлучи – дали ќе дојде или ќе остане во Лисабон.

Аморим (39) во петокот и официјално стана нов менаџер на „црвените ѓаволи“, кои ќе ги преземе на 11 ноември.

„Сезоната започна, одлично започнавме, а потоа дојде Манчестер Јунајтед, ја плати откупната клаузула. Никогаш не разговарав со претседателот. Три дена велев дека сакам да останам до крајот на сезоната, но потоа ми кажаа дека тоа не е можно. Беше сега или никогаш или Манчестер ќе избереше друга опција. Имав три дена да одлучам, да донесам одлука која радикално ми го менува животот“, рече Аморим и додаде:

„Имав и други понуди, претседателот и спортскиот директор можат да го потврдат тоа. Не е прв пат друг тим да ме сака. По Спортинг го сакав тој клуб, Манчестер. Има момент кога треба да направам чекор напред во кариерата. Тоа се случи. Ми беше потешко од кој било навивач на Спортинг, верувајте, но морав да го сторам ова“.

„Сега си одам дома посреќен затоа што објаснив. Луѓето велат: „Се работи за пари“, но имаше друг тим кој сакаше да плати три пати повеќе од Манчестер. Тоа беше најдобрата фаза во мојот живот. Сите во Спортинг знаат. Го разбирам разочарувањето на навивачите, но сега се простуваме. Имаме уште два важни натпревари против Манчестер Сити и Брага.

Иднината на Рудо ван Нистелрој останува нејасна.

„Ќе го земам мојот тренерски штаб со мене. Тоа беше еден од моите услови. Ги носам со мене уште од Каса пиа”.

Тој беше запрашан и дали планира да го донесе најдобриот стрелец на тимот, Виктор Ѓекереш.

„Тој чини 100 милиони и тешко е. Нема да купам ниту еден играч на Спортинг во јануари“, заклучи Аморим.

Слични содржини