Аморим ќе се обиде да му помогне на Маунт да ја надмине фрустрацијата од новата повреда

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим изјави дека ќе направи се што може за да му помогне на играчот од средниот ред Мејсон Маунт да ја надмине фрустрацијата од уште една повреда.

Англичанецот стартуваше во победата од 2-1 над Манчестер Сити пред една недела, но беше заменет во 14. минута. Тестовите направени врз него покажале дека ќе мора да мирува неколку недели.

Англискиот интернационалец од почетокот на сезоната одигра само 12 натпревари, а минатата сезона пропушти повеќе од четири месеци поради проблеми со мускулот.

„Не знам кога Мејсон ќе може да се врати, но сигурно ќе биде надвор од терените долго време. Тоа е дел од фудбалот и мораме да продолжиме понатаму. Она што можам да го направам за да му помогнам е да му покажам како да игра, мислам дека треба да го искористи времето за да размисли за некои работи. Лошата работа е што со толку многу повреди нема време да тренира како што треба. Иста е ситуацијата и со Виктор Линделоф. Се опоравуваше, добро тренираше, ги одработи сите тренинзи пред натпреварот, но кога ќе дојде натпреварот, бара работи што не се случуваат на тренинзите. Потребно ни е само повеќе време да се подготвиме“, изјави Аморим, кој го загуби шведскиот дефанзивец Линделоф поради повреда на крајот на првото полувреме од четвртфиналето на Лига купот во четвртокот со Тотенхем (4-3).

Покрај Маунт и Линделоф, бекот Лук Шо е исто така надвор од теренот за домашниот натпревар со Борнмаут. Сепак, Аморим ќе може да смета на Маркус Рашфорд, кој го пропушти гостувањето кај Тотенхем и Манчестер Сити пред една недела.

Слични содржини