Аморим: Луѓето велат дека не сме доволно добри, нашата цел сега е да го промениме начинот на размислување

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим изјави дека навистина е важно „црвените ѓаволи“ да успеат утре да победат во реваншот со Реал Сосиедад и да продолжат во 1/4-финалето од Лигата на Европа, за да може учеството на турнирот да даде цел и да вдиши нова енергија во настапот на тимот во последните месеци од сезоната. Тимот од „Олд Трафорд“ има многу слаба кампања и веќе е елиминиран од двата локални купа, а во Премиер лигата се само на 14. место во поредокот.

„Мислам дека, да бидам искрен, сите, јас и играчите, оваа сезона настапуваме под нашите можности. Се вклучувам во ова. Зборуваме за Касемиро, но ова е фудбалер кој освои се. Секој од нас може многу подобро, а тоа е она на што е нашиот фокус во моментов – промена на начинот на размислување. Ако си врвен играч и играш во овој клуб, дури и за мене луѓето сега велат дека не сум доволно добар, како и за играчите. Но, на тренинзите чувствувам дека навистина сакаат да се снајдат добро, особено утре. Во овој контекст, важно е да продолжиме бидејќи тоа ќе ни даде енергија да ја продолжиме сезоната. Нема да менуваме многу, но тоа ќе даде поттик“, започна Португалецот.

Тренерот го потврди и враќањето на Мејсон Маунт на тренинзите, но експлицитно истакна дека утрешниот натпревар со баскискиот тим доаѓа прерано за него. Играчот од средниот ред не играл од средината на декември.

„Рано е за Мејсон Маунт. Аут е и Лени Јоро. Неговата повреда не е долгорочна, но нема да биде на располагање во следните два натпревари. На овој натпревар нема да игра и Хари Мегваер, но се надеваме дека ќе биде достапен за недела. Во тимот е Мануел Угарте“, ја објасни селекторот ситуацијата со повредите.

Тој потоа го насочи разговорот кон односот со раководството на клубот. Вчера во различни изјави газдите на Манчестер Јунајтед кои ги презентираа своите сериозни планови за изградба на целосно нов стадион со 100.000 седишта ја демонстрираа својата доверба во Аморим.

„Плановите за нов стадион се возбудливи, но тоа е нешто за пет години од сега, а мојот фокус е на сегашноста. Имам добри односи со Сер Џим Ретклиф уште од првиот ден. Ние сме отворени и искрени еден кон друг и ја чувствувам поддршката од бордот, особено од Сер Џим. Но, многу значи да се излезе и јавно да се покаже оваа поддршка. Имаме многу јасен план за следната сезона. Секако, имаме и Лига Европа и можеме да стигнеме до Лигата на шампионите. Никогаш не се знае. Ова може да ги промени плановите, но ние сме свесни што треба да направиме и кои играчи треба да ги земеме“, објасни поранешниот тренер на Спортинг.

Слични содржини