Рубен Аморин ќе стане нов тренер на Манчестер Јунајтед, а наскоро би можел да му се приклучи и одличниот напаѓач Виктор Ѓекереш од Спортинг. Аморим, кој успешно раководеше со Спортинг во изминатите четири и пол години, пристигнува на „Олд Трафорд“ како надеж на навивачите да ги реши проблемите на клубот.
Јунајтед ќе плати отштета од 10 милиони евра за португалскиот тренер, кој планира дополнително да го засили тимот во јануари. Се очекува тие да побараат доаѓање на Ѓекереш чија вредност се проценува на 100 милиони евра. Шведскиот напаѓач се истакнува во дресот на Спортинг со неверојатен учинок од 16 гола на 15 натпревари оваа сезона.
Од доаѓањето во Спортинг минатата година, Ѓекереш постигна вкупно 59 гола и 19 асистенции на 65 натпревари. За шведската репрезентација одигра 22 натпревари и постигна 10 гола, а неговото враќање на англиските терени може да биде чекор погоре во неговата кариера. Тој на Островот настапуваше за Брајтон, Свонси и Ковентри.