Аморим: Навистина сум лут, тешко ми е да го разберам ова

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Манчестер Јунајтед се врати непоразен од гостувањето кај Ливерпул и покрај многуте прогнози кои не му даваа голема шанса. Тренерот Рубен Аморим е задоволен од резултатот и настапот, но…

Португалецот не е задоволен од тоа што неговиот тим премногу осцилира. Дека е способен да го победи градскиот ривал Сити, да земе бод од лидерот на неговиот терен, а потоа да загуби буквално од сите дома.

– Очекувањата на медиумите беа значително различни од она што го видовме. Навистина сум лут, тешко ми е да го разберам ова, како можеме да играме вака на некои натпревари, но не на сите. Тоа не е поради системот, техниката, туку поради нешто друго, што како тренер ми е тешко да го разберам – изјави Аморим.

Тој смета дека тимот можеше подобро да биде награден за добра игра отколку за бод.

– Начинот на кој игравме беше навистина конкурентен. Тоа е клучната работа за да одиме напред. Среќен сум поради играта, не поради резултатот. Но, јас сум искрено лут поради други натпревари, истакна тој.

Со ова реми „црвените ѓаволи“ ја прекинаа серијата од четири порази во сите натпреварувања, а претходно, интересно, не загубија натпревар од Манчестер Сити, кого го победија на „Етихад“ со 2:1.

Слични содржини