Аморим: Не одигравме добар натпревар, но во моментов најважно е да победиме

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше задоволен од победата од 3-1 над Саутемптон во Премиер лигата. Така неговиот тим продолжи со позитивните резултати. Вистината е, сепак, дека успехот на „црвените ѓаволи“ не дојде лесно и имаа доза на среќа да направат доцен пресврт. Тренерот го призна ова, но рече дека во моментов најважно е неговиот тим да победува, без разлика како.

„Крајот е добар. Беше тежок натпревар кој можеме да го поделиме на два дела. Саутемптон одигра силно прво полувреме и создаде многу простор меѓу редовите. Играчот со број 20 (Камал ал-Дин Сулејмана) беше доста тежок за чување, кога имаше простор. Кога противникот ја загуби силата, можевме да ја искористиме предноста. Знам дека имаме уште многу работа. Момците беа многу уморни. Но, тоа е добра победа и треба да гледаме напред“, рече Аморим.

Тој посебно го пофали херојот на натпреварот Амад Диало кој им донесе успех на „црвените ѓаволи“ постигнувајќи „хет-трик“.

„Дури и во првото полувреме, секогаш кога Амад ја добиваше топката, тој туркаше напред. Тој секогаш бараше начин да ја внесе топката во последната третина од теренот, и тоа е многу важно. Не одигравме добар натпревар, но во моментов најважно е што победивме. Можеби ви се чини дека ни недостасува ентузијазам, но ситниците денес натежнаа. Денеска не можам да кажам дека ни недостасуваше ентузијазам, туку ни недостигаше контрола врз натпреварот. Играчите се уште не се навикнати да играат во оваа формација, но веќе гледаме некои добри работи во поседот на топката“, додаде Португалецот.

Слични содржини