Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, смета дека потезите на новите сопственици на клубот на Олд Трафорд очигледно водат кон успех и покрај скептичните реакции на јавноста.
Инеос, предводен од Сер Џим Ретклиф, стана малцински сопственик на Јунајтед минатата година и оттогаш направи „кратење“ за да ги спречи финансиските трошоци на клубот.
Една од последните одлуки особено привлече внимание – укинувањето на дневниот топол оброк за вработените, кои наместо ручек сега ќе добиваат само бесплатно овошје.
Ваквиот потег на „гаволите“ ќе им заштеди милион фунти годишно, додека во претходниот период се трошеа многу повеќе пари за трансфери. Освен тоа, отпуштени се над 200 сега веќе поранешни вработени – бидејќи Инеос смета дека ваквото задкулисно управување со финансиите на клубот ќе го врати Јунајтед на врвот.
„Гледам јасен пат до успехот, поплочен со одлуките што ги носат сопствениците. Спроведуваат промени кои не се добро примени. Сепак, тие постојат затоа што има визија, која на сите им е јасна“, рече Аморим и додаде:
„Во иднина, ќе мораме да ја поткрепиме нашата визија со резултати – бидејќи промените што не носат подобрување нема да ги направат луѓето среќни. Добрата работа е што постои јасен пат. Ќе биде тешко, но правиме се што можеме за да го вратиме Јунајтед на врвот“.
„Ѓаволите“ се 14-ти на табелата во Премиер лигата со 33 бода.