Манчестер Јунајтед славеше тешка победа на „Крејвен Котиџ“ против Фулам, а Маркус Рашфорд повторно не беше дел од таа победа.
Рубен Аморим по којзнае кој пат по натпреварот проговори за англискиот репрезентативец, а овој пат беше крајно остар.
Португалскиот стручњак повторно беше прашан зошто отсуствува Рашфорд, а медиумите го добија следниот одговор:
„Попрво би го ставил тренерот на голманите Витал во игра отколку играч кој не го дава максимумот секој ден, кој не го дава максимумот на тренинзите, во животот, во секој детал“, изјави Аморим.
🚨💣 Rúben Amorim on Rashford: “I’d put the goalkeepers coach Vital before I put a player who does NOT give the maximum every day…
…in training, in life, every detail”.@BeanymanSports 🎥 pic.twitter.com/UrjdZhKfwI
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 26, 2025
Откако Португалецот пристигна во Манчестер Јунајтед, Рашфорд е целосно надвор од теренот. Во тек се преговори за неговата иднина во клубот, а Барселона и Борусија Дортмунд се заинтересирани да го доведат во своите редови.