Аморим по болниот пораз: Подготвен сум да си заминам

од Nikola Popovski
162 прегледи

Тотенхем е новиот победник на Лигата на Европа. Во финалниот натпревар одигран во Билбао, тимот предводен од Анге Постекоглу го победи Манчестер Јунајтед со минимален резултат од 1:0 и со тоа обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Клучниот момент од натпреварот се случи во 42-та минута кога Бренан Џонсон, по центаршутот на Папа Сар, вешто пронајде простор помеѓу Лук Шо и голманот Андре Онана и прецизно погоди за водство на лондонскиот тим.

Првото полувреме, како и продолжението, не понудија особено привлечен фудбал. Тотенхем се повлече по голот, препуштајќи му ја иницијативата на Манчестер Јунајтед, кој напаѓаше залудно без конкретни решенија на крајот. Најголемиот притисок на „Црвените ѓаволи“ дојде во судиското продолжение, но голманот Гиљермо Викарио беше на висина на задачата и реагираше навреме во неколку клучни ситуации. Лондонскиот клуб ја искористи својата единствена вистинска шанса и на крајот славеше сосема заслужено.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, се огласи по поразот на прес-конференцијата:

„Нема да се оправдувам, тоа не е мој стил. Немам што да им докажувам на навивачите, но сега ми е потребна нивната доверба. Отворен сум – ако раководството и навивачите мислат дека не сум вистинската личност за оваа работа, подготвен сум да си заминам утре. Но, нема да се откажам сам од себе. Имам доверба во мојата работа и нема да го променам начинот на кој го водам тимот“, рече Португалецот.

Тој додаде дека неговиот тим овој пат не разочарал.

„Имаше натпревари кога игравме многу лошо, но ова не беше еден од нив. Не бевме совршени, има простор за подобрување, но секогаш ќе бидам искрен во моите оценки“.

Слични содржини