Аморим по ремито со Ипсвич: Ни претстои долг период на страдање

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Навивачите на Манчестер Јунајтед очекуваа многу од доаѓањето на Аморим, но Португалецот ги разочара на своето деби. Плановите на новиот тренер на „црвените ѓаволи“ ги наруши Ипсвич, кој одигра храбро и стигна до реми од 1:1.

Аморим, сепак, не беше многу загрижен по овој резултат, најави долг период на страдање, а од симпатизерите на Манчестер побара трпение.

„Знам дека е фрустрирачки за навивачите, но ние менуваме многу работи во моментов, со толку многу натпревари. Имаме долг период на страдање и се обидуваме да победиме, ќе биде потребно време. Можевме да победиме против Ипсвич, но можевме и да загубиме да не беше Онана. Мораме да размислиме и да бидеме прагматични за фактот дека овие момци имаа само два дена да тренираат и да променат толку многу. Ова е лига која бара многу, го дознавате тоа веднаш штом дојдете. Моите играчи толку многу размислуваа за играта, што можеше да се почувствува. Не само кога ја имаа топката, туку цело време размислуваа каде треба да бидат. А тоа е толку тешко кога имате само два дена да го тренирате тимот“, изјави Рубен Аморим.

Јунајтед поведе со голот на Маркус Рашфорд по две минути игра, но не знаеше како да ја зачува предноста.

„Ако го погледнете првото полувреме, тие беа малку исплашени. Сем Морси од Ипсвич секогаш беше сам. Моравме да скокаме по него. Хачинсон секогаш беше во мртвиот простор. Имавме само два дена и бевме малку збунети“.

На Португалецот очигледно ќе му треба време за да го извлече максимумот од сите играчи.

„Почнувам да откривам работи што не ги знаев, како тоа дека Гарначо може да ја задржи топката меѓу противничките линии. Ќе се обидеме да најдеме такви работи и да ги искористиме. И ќе ни треба време да ги откриеме тие работи “, заклучи Аморим.

Слични содржини