Аморим сака да го доведе својот сонародник Тринкао во Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Kрилniot напаѓач на Спортинг Лисабон, Франциско Тринкао (25) е на прагот на трансфер во Манчестер Јунајтед, каде го посакува менаџерот Рубен Аморим, пренесува португалскиот весник „А Бола“. Тие двајца добро се познаваат, бидејќи Аморим неодамна беше на чело на „лавовите“ од португалската престолнина и знае каква работа може да заврши неговиот сонародник за него.

Тринкао има договор со Спортинг до 2027 година, но и откупна клаузула од 80 милиони евра, а доколку Јунајтед ја плати, Португалците не можат да ја задржат својата ѕвезда.

Единствениот проблем е што Тринкао е поранешен играч на Барселона и каталонскиот клуб има клаузула која им овозможува да го откупат за 25 милиони евра.

Тринкао има искуство во Премиер лигата, откако ја помина сезоната 2021-22 во Вулверхемптон, каде одигра 28 натпревари и постигна 2 гола.

Крилниот напаѓач има и 9 настапи за репрезентацијата на Португалија.

Слични содржини