Ѕвездата на Манчестер Јунајтед – Маркус Рашфорд, втор натпревар по ред за „црвените ѓаволи“ остана надвор од групата. Во четвртокот вечерта Јунајтед загуби на гостувањето кај Тотенхем за „Карабао купот“ со 3:4.
По натпреварот, менаџерот на Манчестер – Рубен Аморим, изрази незадоволство од последното интервју на напаѓачот. Португалецот рече дека Рашфорд се уште има иднина во Манчестер Јунајтед.
Сепак, во англиските медиуми се тврди дека напаѓачот ќе го напушти клубот веќе во јануари.
„Зошто беше изоставен Маркус Рашфорд? Селекција. Ги избрав играчите за кои чувствував дека се подготвени да се справат со барањата на солидна игра. Дали тој има иднина во клубот? Секако, тој е играч на Манчестер Јунајтед. Утре имаме тренинг и тој ќе биде со нас да се подготвиме за следниот натпревар. Ќе видите дали ќе биде дел од селекцијата за него“, изјави Аморим.